Кинеската полиција објави видео за „совршениот сопруг“ кое за кратко време го гледале над седум милиони луѓе. Огромен интерес предизвика видеото со коешто полицијата го пофали сопругот кој беше и дозволи на бремената сопруга да седне на неговиот грб, како замена за столче во преполните ходници на болницата, додека чекаат на ред за преглед.
https://www.youtube.com/watch?v=bGwoK_Gi8R0
Во исто време, тие ги осудија останатите граѓани кои чекаа во болничкиот ходник, а не и отстапија место за да седне жената во одмината бременост.
Некои од нив седат и си играат на мобилен телефон, додека таа едвај стои покрај нив. Видеото е снимено во Хеганг во провинцијата Хеилонгџианг, во северо-источна Кина.