Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Струмица е во тага: Ненадејно почина младиот Дени Стојчев

Струмичани се простија од младиот Дени Стојчев, кој почина на 32-годишна возраст во Струмица.

Дени е поранешен одбојкарски репрезентативец на Македонија во помлади категории и поранешен играч на Џио Струмица.

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

– Мирна е оваа вечер во Струмица и многу тажна, патувај Дени, пријателе, мирно и спокојно кон вечноста, објави синоќа струмичанецот
пратеникот Костадин Костадинов.

-Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас, соопштија од Одбојкарската федерација на Македонија

-Секогаш со насмевка не чекаше во Струмица. Сега си со ангелите. Те изгубивме. Почивај во мир Дени Стојчев, објави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Струмица е во неверување по смртта на младиот Дени, кој имаше само 32 години.

Можеби ќе ве интересира

Астролошка прогноза за Македонија во 2026: Година на тешка реалност, економски притисок и судбински избори

ДЕСК

Вечерва страшна сообраќајка кај Петровец, сообраќајот се одвива отежнато

ДЕСК

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

C +