20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
ТЕМАБИЗНИС

Скенирајте фискални сметки: Почнува наградната игра Мој ДДВ, моја награда

МојДДВ #Моја награда ќе доделува по десет парични награди на дневно ниво. Oва беше кажана од министерката за финансии Нина Ангеловска која посочи дека наградната почнува од 15 месецов.

Скенирачите на фискални сметки освен што ќе можат да добијат поврат на 15 проценти од ДДВ ќе имаат шанса и за парична награда.

Право на наградната игра имаат сите оние кои скенирале сметки а можностите за добивка според надлежните се еднакви.

Од тие 10 парични награди на дневно ниво, според Ангеловска, четири ќе бидат во износ од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, и три награди од по 3 илјади денари. Од друга страна пак на месечно ниво ќе има 12 извлекувања за 15 награди и по сто илјади денари, а двете главни премии се од по 3 милиони денари.

Според најавите првото извлекување за главна награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.

Имено, деновиве започна и повратот на ДДВ . На сметките на над 16 илјади граѓани легнаа пари додека на останатите ќе легнат деновиве.

Спонзорирано: