Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во кинеска лабораторија родени првите хибриди од мајмун и свиња

Две прасиња со ДНК од мајмуни се родени во Кина по експериментот што создаде раздор кај научниците. Двете животни брзо умреле.

Истражувачите се надеваа дека овој експеримент ќе овозможи одгледување човечки органи во животни поради трансплантација, но други предупредија на етичките проблеми поради таквиот експеримент. За создавањето на овие прасиња биле потребни повеќе од 4.000 ембриони кои во главните органи и кожата имале генетски материјал од мајмуните cynomolgus. Животните починале во рок од една недела, но и двете изгледале нормално кога се родиле.

Даглас Муњоз, невронаучник на Квинс универзитетот во Канада, го прогласи проектот за опасен.

„Да започнеме со манипулирање на животните функции на ваков начин, без целосно да знаеме како да реагираме ако нешто тргне во погрешен правец, навистина ме плаши“, рекол тој.

Во јули, Кина предложи создавање мајмуни со мозоци со делумно човечки функции поради проучување на болести како што е Алцхајмерот.

Некои експерти пак сметаат дека прилагодувањето на животните со цел да се пронајде решение за тешки човечки заболувања е во центарот на биомедицинските истражувања со децении.