3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Камчев откри како бил уценуван од Боки

Бизнисменот Орце Камчев со сочни детали и сериозни информации го започна денешното судење за Рекет.

Тој почна да открива имиња кои на некаков начин се вмешани во случајот.

Камчев рече дека во август 2018 година дознал дека против него се води истрага од адвокатот Васил Димишков, инаку брат на судијката на претходна постапка Весна Димишкова, која беше подоцна на истрагата „Империја“., а рече и дека адвокатот бил и на една од средбите кога на неговата сопруга Ана и се барале четири, шест, па осум милиони евра за купување на слободата.

„Ми кажа дека сум ставен на ПИ-мерки и ако сакам да ме застапува, да му платам 100.000 евра. Тоа да биде сума за информацијата што ми ја дал. Ми понуди ако сакам да ме застапува и да ми издејствува поблаги мерки во истрагата за што ми даде ценовник, бидејќи можел да влијае“, порача Камчев пред судот.

Камчев се пожали пред судот дека Бојан Јовановски му побарал пари за рекламирање на неговата телевизија.
– Боки прво ми побара пари, преку реклама во неговата телевизија. Се сретнавме во ресторанот „Суши“ каде ми тврдеше дека е многу влијателен. Преку директорката во мојата компанија понудивме 50.000 евра за реклама. Подоцна таа ми кажа дека тој бил навреден од сумата која му била мала. На следната средба дојде со препишан бизнис план, за изградба на ВИП-фешн молови. Беше присутна и Јасна Мандиќ. Го прашав дали има локација? – Ми одговори дека има во Карпош, ама немал намера да му се јави на градоначалникот Стефан Богоев оти нешто го извисил. Ја сврте последната страница од договорот, потпишан беше Лазар Јанев, синот на Катица. Сакаше да ми наплати четири милиони евра за проектот и ми се закани дека ќе биде лошо ако не го потпишам, но јас не попуштив, рече Камчев на денешното судско рочиште за Рекет.

Камчев тврди дека му дал 180.000 евра на Боки 13 за реклама, а Јовановски му испратил фотографија со Катица Јанева непосредно пред да се формира предметот „Империја“.

Камчев ја спомна и обвинителката Лиле Стефанова која, преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, која наводно барала Камчев да и’ купи деловен простор за ќерка и’ за стоматолошка ординација во зградата „Пегла“ на Чифлиганец, тврдење кое Стефанова и Чифлиганец претходно изрично го демантираа.

Спонзорирано: