Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

И Германците заминуваат во странство за подобар живот

Мнозинство германски мигранти заминуваат во странство поради работа и повеќе пари. Меѓу нив се најголем дел академски граѓани, а најпопуларна дестинација за Германците е соседна земја која има германско говорно подрачје.

Германските имигранти претежно се високообразовани академски граѓани во најдобри години- 76 отсто од нив имаат универзитетски дипломи или се доктори на науки, односно три четвртини, но само една четвртина од германското население има високо образование. Повеќето се меѓу 20 и 40 години. Ова се податоци од студијата на Сојузниот завод за истражување на населението.

Според студијата, голем дел од испитаниците имигрирале од професионални причини.

„Често е тоа следен чекор во кариерата“, рекол политикологот Андреас Ете.

Само 18 отсто од испитаниците одговориле дека Германија ја напуштаат поради незадоволство од животот во својата земја. За голем дел од имигрантите заминувањето во странство и финансиски им се исплатело.

„Повеќе од 60 отсто од испитаниците рекле дека нето-приходите на домаќинствата во странство се подобри или многу подобри од платите кои ги имале во последните месеци во Германија“, рекол Ете.

Според податоците, во странство во моментов живеат околу 4 милиони Германци. Секоја година, во просек по 180.000 германски граѓани ја напуштаат земјата. Во истиот период се враќаат околу 130.000 граѓани.

Поради тоа на Германија не ѝ се заканува губење на квалификуваните работници, таканаречени „одлив на мозоци“. Студијата покажува дека престојот во странство е привремен и трае само неколку години.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +