Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Растот на извозот од 10,8 отсто потврдува дека сме на прав пат во економијата

Според податокот на Државниот завод за статистика, извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, бележи пораст за 10.8 % во однос на истиот период од претходната година, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.

Од таму велат дека ова покажува оти довербата во нашата економија е вратена, нашето стопанство е развојно и конкурентно на странските пазари.

„Со официјалното членство во НАТО кое е извесно и со приближувањето до ЕУ, дополнително ќе се интензивира растот на извозот, но и позитивно ќе се влијае на отворање нови работни места и зголемено производство“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека СДСМ ќе продолжи со спроведување мерки и политики кои обезбедуваат раст и развој и поконкурентна економија.

Можеби ќе ве интересира

Македонците масовно почнаа да пазарат храна во соседните држави – Популарните ланци маркети во Лерин и Врање преполни со македонски граѓани

ДЕСК

Државата дели и до 10.000 евра за почнување на нов бизнис! – Познато е кој може да аплицира

ДЕСК

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК