Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во хотелот „Александар палас“.

„За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори“, рече Спасовски.

Министерот, одговарајќи на новинарско прашање во Прилеп, изјави дека МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

ДЕСК

Тепачка во Центар по полноќ: Двајца млади скопјани завршија во полициски билтен

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на влашката заедница

ДЕСК