Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за дилер на хероин, дрогата му ја нашле во возилото спаскувана во три кеси

Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице, осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

На 20 декември обвинетиот заедно со едно веќе осудено лице, во автомобилот што го управувал, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога хероин со вкупна нето-маса од 1.496 грама. Дрогата била спакувана во три најлонски кеси на совозачкото седиште во возилото во кое биле двајцата, информираат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, тој до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК