Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

УХМР издаде ново метео предупредување: Зимата ќе ги покаже “забите”, снег во делови од Македонија, викендот пресврт

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на денешниот ден почнувајќи од северните делови врнежите на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Во ноќните часови врнежи од снег се очекуваат и во некои пониски места, вклучувајќи и делови од Скопската Котлина. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со магла по котлините. Во петок попладне и во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а дневната температура од сабота ќе биде во пораст.

Прогноза за 05.12.2019
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 2°С до 8°C
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини магливо и студено.

Прогноза за 06.12.2019
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 12°C
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини магливо и студено. Попладне ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 07.12.2019
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно и потопло со услови за локален дожд претежно во западните делови.

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК