Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Снег во Македонија – Каде натрупа најмногу

На планините од утринава има снег. Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови 11 сантиметри, додека во Берово снежната покривка изнесува осум сантиметри и на Попова Шапка шест сантиметри.

Снег има и во Пожаране девет сантиметри, во Крива Паланка, Лазарополе и Штип три сантиметри, во Тетово и Крушево два сантиметри и во Битола еден сантиметар. Снег нема само на крајниот југозапад и крајниот југоисток од државата.

Утринава е облачно, а на места се уште провејува слаб снег и дува слаб до умерен северен ветер.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и студено време со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Во Скопје слично време со температура до четири степени.