Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Калеска-Ванчева: Jавноста знае дека зад аболицијата на Иванов стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ

Целта на СДСМ е еднаш засекогаш да се затвори нелегалната аболиција од Ѓорге Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, рече на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева, додавајќи дека денеска пред собраниската Законодавно-правна комисија е барањето на нејзината партија за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

„Ги повикуваме повторно сите пратеници, особено од ВМРО-ДПМНЕ, да покажат одговорност и да го поддржат Барањето за автентично толкување. Особено сега откако Владата го усвои мислењето да се прифати иницијативата, а Уставниот суд ја одложи расправата за поднесената иницијатива која е обид за враќање на аболицијата на Иванов“, порача пратеничката од владејачката партија.

Како што рече таа, јавноста знае дека зад аболицијата на Иванов стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту тогаш ниту, пак, сега има правна можност да се даде такво помилување и обидот на Иванов за аболиција е незаконски и ништовен. Актуелните случувања во судството покажуваат дека прво мора да ја затвориме нелегалната аболиција на Иванов, а потоа да се посветиме на реформи во судството и целосен ветинг врз судиите и обвинителите“, нагласи Калеска-Ванчева и го повтори ставот дека СДСМ нема да дозволи амнестии бидејќи мора да има одговороност за сите кои се огрешиле.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +