24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанушев: Заев посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети

Зоран Заев посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети во оваа државата, изјави на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Нема друг пример на премиер кој создава подлога за амнестирање и се плаши да му се испита потеклото на имотот. Стравот е последица на тоа што имаме премиер до гуша заглавен во криминал и корупција. Фарсата со судењето во ‘Рекет’ покажува дека главата на октоподот е сместена во зградата на ‘Илинденска’. Имаме признание на очевидец дека судии, обвинители и една министерка од владата на Заев биле гости во домот на еден од обвинетите откако случајот излезе во јавноста. Сега е и сосема јасна нервозата на власта зошто први сакаат да ги прочешлаат и обезбедат доказите од аферата ‘Кеш’ за да ги покријат траговите кои одат до владата и нејзиниот прв човек“, вели Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Заев се плаши и се противи на нивниот предлог да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани затоа што тој самиот сакал уште една амнестија бидејќи бил фатен во тешки криминали.

„Дали Заев не сака испитување на потекло на имот, кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага, поради фактот што милионите на Заеви немаат оправдување за легалноста со која се стекнати? И дали Заев со неприфаќањето на предлогот за истакнување на кандидат мандатар и јавно признава дека ќе изгуби на изборите, па не сака да се откаже од пратеничкиот имунитет? Времето минува, а молкот на Заев потврдува дека имаме премиер што заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот и кој не се откажува од пратенички имунитет зашто така мисли дека нема да одговара пред законите. Се потврдува дека Заев е лично засегнат и ја држи во криминално заробеништво целата партија. Јавно го повикуваме, барем еднаш отворено и чесно да каже зошто не ги прифаќа барањата кои ВМРО ДПМНЕ ги предложи“, рече Јанушев.