Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Стоп за извршителите – Граѓаните се дигнаа на протест

„Се обидуваат во Министерството за правда да направат промени во законот со кој дел од членовите би биле нови во корист за граѓаните. Но, велат не можат да бидат ретроактивни. Не можат да имаат повратно дејство. Тие тужат ретроактивно, а не сакаат ретроактивно да направат закони. Ако донесат нов закон за нова висина за камата, таа нова висина би требало да важи ретроактивно“, рече Ана Глигорова, иницијатива „СТОП ЗА ИЗВРШИТЕЛИТЕ“.

Лихварска држава, скандираа граѓаните на протестот пред Министерството за правда иницирано од движењето „Стоп за извршителите“. Бараат државата да ги сопре високите каматни стапки при извршување.

„Ги гледам извршителите претходната недела имаа прес-конференција, каде што јавно кажуваат дека тоа тие што го прават не е во ред. Луѓе, сите признаваат дека овој грабеж што го прават дека не е во ред и никој не презема никакви мерки“, изјави Марјан Ристески, иницијатива „СТОП ЗА ИЗВРШИТЕЛИТЕ“.

Организаторите на протестот имаа трета средба во правда, каде ги пречекал државниот секретар. Граѓаните си ги раскажале случаите кои им се пред извршител и бараат брзо решавање на нивните поплаки.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК