Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Јанева до судиите: Се надевам не се плашите дека Русковска „ќе тресе гаќи”

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во својот воведен говор повтори дека не се чувствува за виновна по обвинението за „Рекет“ и воедно им порача на судиите да не се плашат од Русковска.

-Не се чувствувам за виновна и знам дека обвинителството нема докази кои укажуваат на моја вина. Горда сум на формирањето на СЈО и на тимот, како и на сите предмети кои произлегоа. Ја имав честа да формирам тим кој сработи 171 предмет, од притвор ги предадов на јавното обвинителство. Секој пат сум била општествено одговорна. Како специјален јавен обвинител јавно тврдам дека секогаш сум постапувала законски. Се што направив ќе биде основ за изучување на идните генерации. Во изминатите четири години се изложив на ризик, а и моето семејство. Но не се жалам. Се уште одам со крената глава и секого можам да погледнам во очи. Очекувам праведна одлука која ќе ме ослободи од обвинение кое ми го исконструира обвинителката Вилма Русковска. Се надевам дека не се плашите од нејзините закани дека ќе тресе гаќи, рече Јанева.

Можеби ќе ве интересира

КЛЕКОВСКИ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА – „НЕ МОЖЕ СЕКОЈА БРЗА ПОМОШ ДА ИМА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДА СЕ БУДИ ВО МИНУС – Потоа следуваат обилни дождови, силен ветер и снег за викендот

ДЕСК

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК