Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ:Ајде Мицкоски повикај ги пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Редно е Христијан Мицкоски јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ.

Затоа што со автентичното толкување во Собранието на членот 11 од Законот за помилување се  спречуваат обидите на остатоците од режимот и сваровски судството за избегнување на правдата и се затвораат  целосно прашањата со незаконската аболиција на Ѓорге Иванов.

СДСМ била и останува на страната на  правдата.

Јавноста знае дека срамната и незаконска аболиција на Иванов е производ на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста знае дека оваа партија никогаш не се изјасни против и силно ја бранеше кога граѓаните протестираа на улиците.

Очигледно е и дека зад случувањата диригирани од остатоците на „заробената држава“ во судството, заедно со последните најави од Уставниот суд, стои ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи попречување на правдата и опструкции на правниот систем.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +