Centar.mk
МОЗАИК

Британски ветеринари: Поради килиматските промени, коњите се сѐ потешки

Коњите стануваат сè потешки поради климатските промени, тврди Жил Мофат, шеф на ветеринарната служба Сидаун во британскиот Хајт и објаснува дека тоа се должи на потоплата и влажна клима што е подобна за раст на трева во изобилство, што, пак, им овозможува на овие животни да ја консумираат во поголеми количини отколку што им е оптимално потребно.

Ветеринарот за „Дејли телеграф“ изјавил дека меѓу животните кои ги лекува има сè повеќе коњи кои страдаат од прекумерна тежина поради споменатиот проблем.

Тој додава дека проблемот е делумно одраз и на социо-економскиот притисок.

„Поточно, сопствениците на коњи работат подолго и им е потешко да ги тренираат коњите редовно. Во исто време, потоплата и влажна клима значи повеќе трева. Тешко е за сопствениците да ја мерат количината и квалитетот на храната што е потребна кога станува збор за тежината на нивните миленици“, вели Мофат.

Тврдењата на Мофат следат откако британското здружение на ветеринари (БЕВА) откри дека 31% од 792 прегледани животни се соочуваат со прекумерна тежина.

Ветеринарите, исто така, причината за проблемот ја гледаат во недостиг на штали и огради за коњи.

Дејвид Рендл, ветеринар од БЕВА, вели дека дури 50 проценти од коњите во Велика Британија се со прекумерна тежина.

Можеби ќе ве интересира

ПАРИТЕ ДОАЃААТ ОД СИТЕ СТРАНИ: Ѕвездите избраа три знаци кои ги чека невиден луксуз во 2026-та

ДЕСК

Вистината излегува на виделина: Дневен хороскоп за 21 декември 2025

ДЕСК

Судбината тропа на врата: Што ве очекува на 20 декември

ДЕСК