Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Царовска на граѓанска трибина: Детската заштита е приоритет, 43 нови градинки за две и пол години, една од нив е во Пробиштип

Детските градинки станаа наш приоритет, за само две и пол години имаме 43 нови градинки и тие се во функција, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Пробиштип.

Царовска посочи дека е отворена детска градинка и во Пробиштип со капацитет од 40 деца, но дека нема да се застане тука туку дека ќе се градат градинки во секоја општина каде што има потреба.

Освен нови градинки не ги заборавивме ниту вработените во детската заштита. Се соочивме со недостиг на кадар, недостигаа 2.000 негувателки и воспитувачки. За само две години освен што сериозно ги покачивме платите во градинките, реализиравме над 1.300 вработувања и со тоа го подобривме квалитетот во детската заштита, посочи потпретседателката Царовска.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК