Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Царовска на трибина во Пробиштип: Инвестираме во најранливите, социјалната помош која порано се покачуваше по 5% ние ја зголемивме за 300%

Ние не направивме социјална реформа, ние направивме општествена трансформација, им овозможивме на најранливите да се вклучат во економијата, рече потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Пробиштип.

Инвестираме во најранливите, иако малкумина веруваа дека тоа ќе е можно. Порано за време на владеењето ба ВМРО_ДПМНЕ, социјалната помош за најранливите се зголемуваше по 5% или за 130-180 денари и тоа по правило пред избори, а ние успеавме да ја покачивме дури за 300 отсто.

Сега 27.000 семејства или 120.000 лица ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа, а нивните деца треба да имаат ист старт со останатите и затоа, сега 22.000 деца добиваат детски додаток, а 8.700 образовен додаток, бидејќи тоа е инвестиција која навистина ќе и се исплати на оваа држава, заклучи Царовска.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК