Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шекеринска од Пробиштип: За две и пол години направивме повеќе од што ВМРО-ДПМНЕ за 11, покажавме дека платите можат да растат и парите да се враќаат кај граѓаните

За неполни 2 и пол години зад нас оставивме долга листа на остварени ветувања и решени суштински проблеми на граѓаните. Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше против покачување на плата, вршеше уцени, граѓаните плаќаа драконски казни и радиодифузна такса и превисоки сметки за струја, ние со домаќинско работење ги зголемивме минималната и просечната плата, ја укинавме радиодифузната такса, го решивме проблемот со стечајците, ја вративме евтината тарифа на струја и ги намаливме казните. Тие земаа од граѓаните, ние ги враќаме парите кај граѓаните, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Пробиштип.

Шекеринска се осврна дека најсилно оружје на СДСМ е вистината, официјалните податоци, фактите и реформите кои се спроведени.

Ја вративме слободата на говор. Нема повеќе бегање од дуели, нема повеќе замолчување на новинари. Покажавме што значи слободна држава во која сите се еднакви пред законите и имаат фер шанса, потенцираше Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК