3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Услови за аплицирање на повикот „Рурална жена“

Целта на мерката „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството. Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на производството преку намалени трошоци за земјоделско производство, подобрување на квалитетот на земјоделско производство и достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На повикот може да аплицираат земјоделски стопанства чии носители се жени, и тоа:

физичко лице – индивидуален земјоделец со живеалиште во рурална средина;
правно лице – трговско друштво или трговец поединец со седиште во рурална средина.
Секој барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за 2019 година.

Корисникот може да го поднесе следно барање на јавен повик само доколку инвестициите од претходните јавни повици се целосно завршени.

Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Преку овој повик се доделуваат неповратни финансиски средства во максимален износ од 180.000 денари.

Висината на поддршката е до 100% од прифатливите трошоци.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Апликантот треба да поднесе барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) заедно со деловен план и останата документација пропишана во деталното упатство објавено со јавниот повик.

Креираното електронско барање се презема, печати и потпишува од страна на Барателот и заедно со сите пропратни документи соодветно на типот на инвестиција се доставува до Агенцијата во затворен плик на кој на горниот лев агол да пишува „Барање за финансиска поддршка, Арх. Бр. на Барањето (0719-11516-ХХХХ/1)“ на следната адреса:

АФПЗРР
ул. „3-та Македонска бригада” бб
зграда на Македонија Табак блок Ц
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Барањето може да се достави и лично на рака во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување на барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk за мерка 115 (барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето)
Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат).
Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач)
Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план
Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства
Годишна даночна пријава (УЈП)
Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител
Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Сите баратели потребно е да се регистрираат во системот за електронско аплицирање. Деталниот опис на постапката за регистрација се наоѓа во „Упатство за регистрација“. Регистрацијата е еднократна, а добиеното корисничко име се користи за поднесување на сите идни барања за финансиска поддршка како и барања за исплата на средства.

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

На повикот може да се аплицира најдоцна до 25.12.2019 год.

ПОДОБНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

Во рамки на овој повик се прифатливи инвестиции во следните сектори:

Овоштарство и лозарство;
Поледелство;
Градинарство и цвеќарство;
Сточарство
Лековити и зачински растенија.
Почеток на реализација на инвестициите е по потпишување на договорот.

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

Прифатливи трошоци за финансирање се:

Набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи поврзани со видот на инвестицијата;
Набавка на опрема за постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на фарма;
Опрема за прием, собирање и чување;
Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење и дезинфекција;
Обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали;
Опрема за предладење, ладење и замрзнување;
Опрема за сечење, мелење и останата опрема за преработка;
Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација;
Резервоари танкови;
Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување;
Опрема за флаширање, полнење, пакување и означување/етикетирање;
Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи;
Опрема за сечење и откостување;
Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот;
Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари , транспорт–приколки, ладилници палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет;
Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција;
Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање;
CIP опрема (Clean In Place);
Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се редовен пристап за обезбедување на свежа вода, храна, сместување на животните пред колење;
Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи;
Набавка на потрошен материјал поврзан со инвестицијата и кој е создаден во рамките на реализација на деловниот план (амбалажа, печатени материјали, изработка на логоа, декларација и сл.)
Трошоците од инвестицијата не смее да се финансирани од друг извор на финансирање (забрана за двојно финансирање).

Извор: Агротим

Спонзорирано: