3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов: Извештајот на УКИМ потврди: Кариерата на Мицкоски е измамничка, не магистрирал и не докторирал во Италија и Германија

Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги, за лажната магистратура, за лажниот докторат, наводно стекнати во Италија и Германија. На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски кажа дека бил магистрант и докторант во Германија и Италија. Сега никаде го нема, молчи, се крие. Секој ден го повикуваме да каже зошто ги лажеше граѓаните, зошто го лажеше премиерот Борисов. Фактите потврдуваат, Мицкоски. Ова е рефератот, Извештајот од изборот на Христијан Мицкоски за професор на Машинскиот факултет во Скопје, објавен во Билтенот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На ниту едно место во овој документ, ниту во биографските податоци, ниту во која било биографија на Мицкоски не стои дека тој магистрирал и докторирал во Германија и Италија, изјави на денешната прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Секојдневно се потврдува, Мицкоски е нечесен и неискрен политичар, едно зборува дома друго надвор, лажеше за Договорот со Бугарија, лаже за магистратурата и докторатот. Ако се дрзнува да лаже за своето образование, колку ли Мицкоски лаже за политика? Дополнително Мицкоски го омаловажува Универзитетот Свети Кирил и Методиј и Машински факултет. Или пак Мицкоски се срами затоа станал аситент на факултетот каде професор бил и неговиот татко? Kариерата на Мицкоски ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка. Неговата кариера е измамничка и манипулативна. Впрочем, каква може да биде кариерата на човек чиј ментор е Никола Груевски? – изјави Костадинов.

Спонзорирано: