Centar.mk
ЛОКАЛНО

Во Беровско симулација за појава на африканска свинска чума

Во Беровско денеска и утре ќе се спроведе дводневна вежба за симулација на појава на болеста африканска свинска чума.

Практичниот дел од симулацијата ќе се реализира на индивидуална фарма во село Русиново, на комерцијална фарма во село Умлена и на ловиште.

Ва теоретскиот дел, пак, ќе се тестира координираноста на институциите и протокот на информации во врска со болеста, а тој ќе се одржи во Берово.

Вежбата во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Организацијата за исхрана и земјоделство на ОН (ФАО) е дел од активностите на ФАО за помош на земјите од Балканот со цел да ги зајакнат своите капацитети за да одговорат на можна појава на африканска свинска чума.

Како што информираат од АХЦ, станува збор за опасна прекугранична болест кај животните за која не постои лек.

Вежбата ќе ја спроведуваат официјални ветеринари од АХВ, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина и од приватни ветеринарни друштва, предводени од ФАО-експерти за здравствена заштита на животните.

Болеста во моментот не е присутна во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Ученици од “Кочо Рацин” во посета на локалната самоуправа

ДЕСК

Градоначалникот на Битола на прославата на патрониот празник и големиот јубилеј на градинката “Естреја Овадија Мара”

ДЕСК

Ќе поскапи ли паркингот во Битола – Корекцијата на цените е неминовна

ДЕСК