24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Боки 13 пренесен на контролни прегледи во болницата „8-ми Септември“

Од градската општа болница „8-ми Септември“, потврдија дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, бил хоспитализиран во оваа установа заради спроведување контролни прегледи.

Додаваат дека дијагностичките процедури се во тек.

„По завршување на целата постпка на медицина базирана на докази, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“, се наведува во краткото соопштение на болницата.

Адвокатот Сашо Дуковски, кој е правен затапник на Јовановски, осомничен за случајот „Рекет“, пред десетина дена предупреди дека неговиот клиент е сериозно болен и бараше да биде хоспитализиран.

Боки 13 се жали на големи болки и проблеми со желудникот, причинети од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече адвокатот, ги направил на своја желба.

По ова се огласи и Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија, која ја демантираше изјавата на адвокатот дека не сакале да го прегледаат Јовановски и дека се шегувале со неговата здравствена состојба.

Боки 13, кој е во притвор, за четири месеци бил 25 пати носен на лекар.

Првото рочиштето за случајот „Рекет” е закажано за 3. декември./Makfax