Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција апсеше: Приведени осум лица

Македонската полиција вчера направи парче приведувајќи осум лица кај кои била пронајдена марихуана, а кај дел од нив и кокаин.

40 минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје на улицата „23-ти Октомври“ го лишиле од слобода П.А.(19) од Гевгелија, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а претходно полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“, го лишиле од слобода И.Т.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена исто така марихуана.

Во 23.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Б.К.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа го лишиле од слобода Д.Ф.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него исто така нашле марихуана.

Приведување имало и на улицата „Борис Сарафов“, каде полицајци го лишиле од слобода Ч.Ф.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

исто така, по полноќ, во тетовското село Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Х.(21), Е.Р.(24) и Ш.С.(23) од гостиварско Врапчиште, затоа што при нивен и преглед на возилото „ауди А7“, со словачки регистарски ознаки, во кое се наоѓале, пронајдена е марихуана и кокаин.

По документирање на случајот, против сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +

Касами: Тетово ја заслужува оваа трансформација – продолжуваме уште посилно со Второто поглавје за развој

C +