15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев објави: Економијата е посилна од било кога

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека економијата е посилна од било кога.

-Изминативе две и пол години силно сме посветени на стабилизирање и зајакнување на домашната економија. Силната економија носи директни придобивки за граѓаните преку зголемување на платите и пензиите, стабилизирање на здравствениот и пензискиот фонд, привлекување странски и зголемување на домашните инвестиции, отворање нови фабрики, а со тоа и зголемен број на новоотворени работни места.

Не им верувајте на лагите дека економијата не ни чини. Тоа едноставно не е точно, бидејќи економијата се мери со бројки!

Тимот на вицепремиерот Анѓушев, заедно со министрите од економските ресори, направија сериозна анализа базирана на официјални податоци и статистики, и еве ги резултатите. Фактите и бројките се непобивливи, економијата е посилна од било кога.

Домашната економија ни е на одличен пат! – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Повеќе прочитајте на следниот линк:

https://www.facebook.com/notes/zoran-zaev/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0/10158015481682932/