23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меѓународниот Балкански Универзитет ја доби 13то Ноемвриската награда за најдобри резултати во крводарителството

Меѓународниот Балкански Универзитет ја доби 13то Ноемвриската награда како образовна институција со најдобро постигнати резултати на полето на крводарителство во 2018 година. Универзитетот за ова престижно признание беше предложен од Општинската организација на Црвениот Крст Чаир, a наградата ја примија на годинешното Собрание на Црвен Крст на град Скопје кое се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Покрај редовните крводарителски акции, Црвениот Крст на Град Скопје, ја има поддршката на универзитетот и од аспект на регрутирање волонтери и членови со што се поставуваат темелите за отворање на Клуб на млади во рамките на Универзитетот.

Успешната приказна на Меѓународниот Балкански Универзитет започна во 2006 година како културен мост меѓу Балканот и Турција, со намера да се зголеми нивото на квалитет на човечкиот капитал во регионот. Главната мисија е едукацијата на самоуверени, високо професионални, општествено одговорни и глобално конкурентни лица. Целта на Меѓународниот Балкански Универзитет е да стане реномирана меѓународна образовна институција која со производство на најдобри професионални лица придонесува за развој и стабилност на Балканот.

Покрај нивната професионална мисија и цел, Меѓународниот Балкански Универзитет се докажа како институција која несебично ја шири својата хуманост.