24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отворена истрага за пронајдената дрога и оружје во камион на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 66-годишно лице со двојно државјанство, на Република Северна Македонија и Република Србија, поради основано сомнение дека ги сторило кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и поради изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничениот управувал со товарно моторно возило „даф“, со бугарски регистарски ознаки, со прикачена приколка „тирсан“ со македонски регистарски ознаки. При претресот на возилото на граничниот премин Табановце биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од 120 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден придушувач за пиштол.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, за кого поднесе и предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерката притвор. Судијата на претходна постапка со решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена./Makfax