25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Градоначалник Гошаревски: За 2 години реализиравме 80% од програмата со најголемите капитални проекти во општина Ресен

После тие црни 11 години ја најдовме општина Ресен заглавена и блокирана, а сега по 2 години достоинствено и отчетно можам да соопштам дека реализиравме 80 насто од програмата со најголемите капитални проекти, истакна градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „на прав пат“ во Ресен.

Ресен е градилиште, се гради во цела Преспа, рече Гошаревски, додавајќи дека се асфалтирани регионалниот пат Макази-Ресен, патишта во селата Долно Дупени, Крани, Наколец, Грначи Подмочани, Царев Двор, Бела Црква, а во центарот на Ресен се реконструиираат трите главни улици.

Преспа беше заспана убавица, која сега се буди, тоа го препознаа дури и претставниците на ЕУ, и во консултации со нив работиме како Преспа да ја направиме еврорегион во срцето на Балканот и на добар пат сме, рече Гошаревски.

Како проекти од особено значење Гошаревски ги истакна реконструкцијата на градскиот пазар, и на спортската сала и додаде дека општината во консултации со граѓаните ги определува приоритетите за решавање на наталожените проблеми.

Гошаревски сопошти дека годинава општината исплатила 120 илјади денари стимулации за првородено дете, а во соработка со Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика се формирани мобилни тимови составени од медицинска сестра, психолог и социјален работник, кои им пружаат помош на немоќните граѓани во нивните домови.

Општината за 2 години реализираше 58 проекти, подготвени се 50 проекти од витално значење за граѓаните – на правиот пат сме, продолжуваме достоинствено, транспатентно во интерес на граѓаните, порача градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.