19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Џевахир Холдинг го одбележа Светскиот ден на децата

Денеска на глобално ниво, УНИЦЕФ го одбележува Светскиот ден на децата, промовирајќи ги нивните права и борејќи се за нивната добросостојба. Со своите партнери во повеќе од 190 земји, прави посебни напори за да допре до најранливите категории деца, а на тој начин да придонесе за безгрижно детство ширум светот. Оваа година Џевахир Холдинг ја поддржа целта на светската кампања на оваа организација, осветлувајќи ги круните на Џевахир Скај Сити зградите, во сина боја.

„За нас, најмладите се центарот на светот. Со осветлувањето на круните на нашите згради во препознатливата сина боја, сакаме да придонесеме да се слушне гласот на децата, да мотивираме нивна поголема заштита и создавање услови каде тие би го исполниле својот потенцијал, но најмногу од сѐ да им покажеме дека заслужуваат среќно, безгрижно и здраво детство” – изјавија од Џевахир Холдинг.

Џевахир Холдинг e позитивен пример за општествено одговорна компанија, а на овој начин уште еднаш ја потврди својата корпоративна определба и овозможи силната порака на УНИЦЕФ да биде што е можно повидлива.

Годинешниот Светски ден на децата е особено значаен поради тоа што одбележува јубилеј од 30 години од Конвенцијата за Правата на децата – 30 години УНИЦЕФ ги трансформира животите на најмладите ширум светот.

Во исто време Конвенцијата претставува и потсетник дека уште многу треба да се направи за сегашните и идните генерации. Доколку правата на децата се кршат, последиците влијаат на сите, како по животот на децата, така и за развој на заедниците и општествата во целина.

#WorldChildrensDay

Спонзорирано: