19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска од Ресен: ВМРО ДПМНЕ трошеше на споменици, ние за 2.5 години изградивме 500 километри патишта

Додека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во деструктивната матрица на Груевски, ние чекориме напред, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на денешната граѓанска трибина на СДСМ во Ресен.

-Додека тие трошеа на споменици ние изградивме 500 километри патишта, тие градеа статуи ние рехабилитиравме и изградивме 43 градинки, тие зголемуваа казни ние ги зголемуваме платите, тие ги плашеа пензионерите ние ги зголемуваме пензиите, тоа разликата во концептите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тоа причина зашто реформите на СДСМ се на прав пат, рече Шекеринска.

Таа потсети на 11 годишната изолација за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште се во антиевропскиот блок.

11 години ВМРО-ДПМНЕ го држеше нашиот кандидатски статус за ЕУ во мртва точка. Згора на се само тие се радуваа на историската грешка на ЕУ. Дури и претседателот на Франција, Макрон призна дека нема вина кај нас, дека се работи за внатрешна работа во Унијата, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остонаа во антиевропскиот блок, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни ресенчани и ресечанки.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК