24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со новиот раст на минималната плата, дополнителни 66.000 денари годишно ќе завршат кај секој работник

-СДСМ продолжува со креирање и имплементација на мерки и политики кои парите ги враќаат назад кај граѓаните. Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари. Со декемвриската плата, околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања. За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за 5.500 денари што овозможува годишно дополнително 66.000 денари да завршат назад кај секој работник, соопшти денеска СДСМ.

„Концептот за враќање на парите кај граѓаните и работниците е на прав пат и дава вистински резултати.

Дополнително како стимул за приватниот сектор, се донесе Закон за субвенционирање на социјалното осигурување за сите претпријатија кои ќе покачат плата на нивни вработени до 6.000 денари.

Разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна.

Додека опозицијата не гласа за донесување на закони кои ги враќаат парите назад кај граѓаните и ја докажува нивната криминална матрица, СДСМ преку одговорни политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и враќање на парите во секој семеен буџет.“ – се вели во соопштението.