Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шведската министерка за надворешни работи во посета на земјава

Mинистерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде, ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Линде ќе биде пречекана од својот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, додека во рамки на посетата ќе биде примена и од претседателот Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Се очекува на средбите да бидат разменети мислења за домашните случувања, реформската агенда и следните чекори поврзани со европската перспектива на Северна Македонија по октомврискиот Европски совет, потоа за регионалната динамика и други актуелни меѓународни прашања, како и за севкупните билатерални односи и соработка меѓу Северна Македонија и Шведска.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +