Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ВМРО-ДПМНЕ втор ден шири невистини против Локално

Службениот весник на Република Македонија од 21 март 2012 година, излезен две недели пред да се случи сомнителната продажба на земјиштето до „Ауто Македонија“ во Општина Центар јасно ја изнесува цената од 5.600 денари по метар квадратен за Е2 намена.

И покрај непобитните факти, кои Локално ги објавува како линк, но и како фотографија од службениот весник од 21 март, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ повторно излегува со манипулации дека медиумите шират невистини.

Втор ден, самата Комисија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ искажува невистини за Локално.мк без намера да се извини, но и со обвинување за изнесување на неточни информации.

„Одлично што како портал работите со проверени и точни информации и во интерес на јавноста се надеваме дека докрај ќе останете доследни на Вашата професионалност. Во однос на Вашето барање за извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, би сакале да го наведеме следното: Јавната објава за отуѓување на градежното земјиште за изградба на предметната катна гаража е објавена на ден 23.04.2012 година и цената е утврдена согласно Уредба за изменување на уредбата за висината на цената на градежното земјиште, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2012, од 21.03.2012 година. Во табеларниот преглед на почетни цени за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање е утврдена почетна цена на градежно земјиште за изградба на катни гаражи во висина од 1 евро за м2 (61 денар). Како што напоменувате во Вашиот текст, дека работите секогаш со точни и проверени информации, очекуваме да ги објавите точните факти и ќе упатите извинување кон ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт за невистините изнесени во Вашиот текст“ велат од Комисијата.

И покрај борјките изнесени во Службениот весник, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на опозициската партија продолжува со притисок врз медум кој своите текстови ги темели исклучиво врз проверени информации и почитувајќи ги новинарските стандарди.

извор Локално