За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22 часот до 4 часот утрово, при што казнети биле вкупно 203 возачи.
Како што информираат од МВР, во акцијата учествувале Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Покрај 203 лица кои возеле под дејство на алкохол, откриени се и 213 останати прекршоци за кои се издадени соодветни санкции./Makfax