Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Калеска Ванчева: Ние, социјалдемократките, ја имаме визијата, еднакво учество на жените во сите свери на политичкиот живот во државата.

Ние сакаме општество во кое рамноправно, без дискриминација ќе ги керираме сите политики и ќе обезбедиме безбедно хумано општество на насмеани лица, рече во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева,

Таа се осврна на почетоците и успесите на Форумот на жени на СДСМ, кој се изроди од женските клубови на партијата уште во 1999 година, а прерасна во моќен двигател на општествените промени, демократизација и почитување на основните човекови права, бидејќи без родова еднаквост тие не постојат.

За овие 20 години постигнавме многу, но патот не беше лесен, рече Калеска Ванчева на свеченоста на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „20 години чекориме по патот на еднаквоста“.

Денеска говориме за законска регулатива која овозможува најмалку 40% застапеност на жените во законодавната и локалната власт, но и за 40%, па и 50% застапениост на жените во сите партиски структири, а започнавме со квота од 30% од обата пола во партиските структури на партијата за парламентарните ибори 2002 година.

Со измените во Кривичникот законик од 2004 година, за првпат беше дефинирано семејното насилство, а во девет кривични дела против животот, телото и сигурноста на жртвите, предвидена е построга санкција доколку конкретното кривично дело е извршено во контекст на семејно насилство.

Во годините кога во земјата почнаа да се уназадуваат правата на жените, Клубот на жени на СДСМ, беше предводник на борбата за унапредување на положбата на жените, застанавме во одбрана на правото на жената да одлучува за своето потомство и за своето тело. Тоа го иправивме кога дојдовме на власт.

Но, секојдневно мораме да се браниме од различна прорагнада, во која првично се суди на изгледот на жената, а потос на суштината, рече Калеска

Бевме, сме и ќе останеме лидерки, двигателки на сите демократски промени во општеството и ќе се движиме се побрзо кон целта, зошто не сме сами, чекориме по патот на еднаквоста, заедно, истакна свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева,

Благодарници за заложбите за родовата еднаковст Форумот на жени им додели на Јованка Тренчевска, Елеонора Петроа, Цветанка Ивановаи Цветанка Ласкова.

Во тренд…