Centar.mk
ЛОКАЛНО

Акција за пошумување на ридот над Баир

Денеска, со почеток во 10 часот, ќе се одржи акција за пошумување на ридот над населбата Баир во Битола. Просторот каде што се планира реализирање на акцијата „Зелен Баир“ е поранешна борова шума, која во изминатите 15 години е целосно уништена од пожари.

Во акцијата за пошумување на ридот Зелен Баир ќе учествуваат волонтери од повеќе граѓански организации од Битола, а тимот што ја спроведува оваа акција ќе биде достапен за изјави за медиумите додека трае работната акција од 10 до 11 часот.

Акцијата за пошумување на ридот Зелен Баир се реализира во рамките на „Активни граѓани за добро владеење“, активност што ја имплементира Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (Форум – ЦСИД) со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Во изминатите четири месеци Форум – ЦСИД спроведуваше активности во Пелагонискиот Плански Регион, при што се формира неформална група граѓани од општина Битола, кои добија поддршка за реализирање на оваа акција.

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ – На плоштадот ќе настапуваат македонски изведувачи

ДЕСК

СКОПЈЕ ГИ АКТИВИРА ЗИМСКИТЕ СЛУЖБИ – Ѓорѓиевски вели дека екипите се на терен

ДЕСК

Граѓаните активно учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

ДЕСК