Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Л.Б.(47) од Скопје, поради тешка кражба. Тој кривичното дело го извршил во периодот од 8.11.2018 до 6.03.2019 во магацин на фирма на улицата „Јадранска магистрала“, при што со употреба на сила влегол внатре и одзел работни машини, со што се стекнал со противправна имотна корист од 460.833 денари./Makfax