17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-ДПМНЕ одби дискусија за стечајците, тензиите ја одлагаат и минималната плата

Тензиите во комисијата за труд и социјална пoлитика ја одложија дебата за покачувањето на минималната плата. Причина за оваа ситуација беа предлогот на пратеникот Самка Ибрахимовски и одбивањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за на иста седница каде на дневен ред е покачувањето на минимална плата, да се додаде и точката за обештетување на стечајците, објави Фронтлајн.

На предлогот на пратеникот Ибраимовски, прв одговори претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, кој рече дека за таа точка треба концензус, во спротивно тој се закани дека опозицијата има механизми за да ја блокираат процедурата ако мнозинството инсистира со гласање да го промени дневниот ред.

Потоа други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека Деловникот не дозволува точка од друга седница каде е на второ читање да се додаде на оваа седница. По ова објаснување Ибраимовски даде нов предлог, за по завршување на седницата за минимална плата да се свикува седницата каде на дневен ред е законот за стечајците.

Дебатата кулминираше со обвинувања меѓу спротиставените табори. Ѓорчев обвинуваше дека министерката Царовска не доаѓа на комисија и рече дека тој инсистира на нејзино присуство. Тој не одговори дали по завршување на оваа комисиска седница ќе ја свика седницата за стечајците, а на предлог на многу пратеници даде 30 минути пауза за консултации и дополнителна кординација за надминување на оваа ситуација.

Спонзорирано: