8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Макрадули: Инцидентот во ОХИС е саниран, нема опасност

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, објави дека инцидентот во ОХИС е саниран и ги уверува жителите дека нема никаква опасност.

“По вчерашните случувања во кругот на ОХИС, денес повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето.

Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции.

Станува збор за процес на чистење на 11 видови хемикалии, кој трае 9 месеци.
Сите хемикалии кои се собрани се детално испитани. Досега целиот хлор е отстранет и изнесен, како и дел од другиот опасен отпад кој се наоѓал во кругот на ОХИС.

Oва е систем каде целосно се знае каде точно завршуваат сите овие хемикалии.
Тие се препакуваат и како опасен отпад се извезуваат надвор од државата.

Откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение.

Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерења од страна на Лабараторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот.”- напиша Макрадули на Фејсбук.

https://www.facebook.com/1336696619/posts/10215441890503894?d=n&sfns=mo