23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКАИЗБОР

Пуштен во промет најскапиот лек на светот, чини 2,1 милион долари

Американската агенција за лекови го одобри пуштањето во промет на лекот „золгенсма“ од швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“ во мај годинава, а една доза од овој лек чини 2,1 милион долари.

Лекот е наменет за генска терапија на деца кои страдаат од спинална мускулна атрофија, се зема еднаш, а цената го прави најскапото медицинско средство во светот.

Од јули до септември, лекот донел приход од 160 милиони долари, наведуваат во „Новартис“, првпат објавувајќи конкретни бројки.

Лекот има успех во САД, но сè уште чека на одобрување во Европската Унија и Јапонија./Makfax