23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наташа Најдановска-Алулоска нова директорка на Клиниката за детски болести

Наташа Најдановска-Алулоска е именувана за нова директорка на Клиниката за детски болести, на местото на Катарина Ставриќ, информира Министерството за здравство.

Исто така, за нов директор на Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор Славе Наумовски, за нов медицински директор е именувана Даница Поповиќ-Моневска.

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со конкурсот, за директори се именувани досегашните вршители на должност.

Исто така, за в.д. директори се именувани Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија и Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија./Makfax