13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Хан: Кредибилитетот на ЕУ претрпе огромна штета поради Скопје и Тирана

Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека одложувањето на почетокот на преговори на Европската Унија со Северна Македонија и Албанија е огромна штета за кредибилитетот на Европа.

Хан денеска последен пат се обрати пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во својство на комесар за проширување и соседска политика на ЕУ.

Тој смета дека ЕУ не може да си дозволи прво да се занимава со внатрешни реформи, а дури потоа со процесите во регионот на Западен Балкан, затоа што, како што рече, во тој случај има голем ризик од назадување на тие земји со реформите.

„Кредибилитетот претрпе огромна штета. ЕУ во светот зборува за успесите на мултилатерализмот и ние сме водечка сила во тоа, но тука не успеавме да усвоиме одлука. Нашиот кредибилитет е оштетен“, порача Хан.

Тој потсети дека кредибилитетот на ЕУ е една од нејзините најголеми предности и дека токму тие земји членки дале гаранции дека преговорите ќе почнат кога ќе биде исполнети критериумите.

„Ние не ги испорачавме нашите ветувања и се надевам дека таа одлука ќе биде ревидирана“, рече Хан.

Тој кажа дека условите кои им биле поставени на Тирана и на Скопје во јуни 2018 година биле резултат на консензус на земјите членки на Унијата, а не на Европската комисија и дека ништо на сила не им било наметнато на членките на ЕУ.

Спонзорирано: