Земјоделството е една од клучните гранки во економијата, ние имаме ресусри кои треба да се стават во систем, а тоа се прави со нашите мерки за поддршка на земјоделството, истакна членот на ЦО министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на граѓанската трибина „На прав пат“ во Македонски брод.
Тој истакна дека СДСМ врши неселективна исплата на субвенции и успеа да ги исплати заостанатите субвенции за земјоделците, воведе зелена нафта, интерветни мерки, и го поддржува земјодлеството со 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во ново производство.
Димковски најави дека со законски измени кои се веќе во собраниска процедура поддршката во програмата за млади земјоделци до крајот на оваа година двојно ќе се зголеми на 20.000 евра, а досега 424 млади земјоделци добиле грант од 10.000 евра за да се мотивраат да се заникваат со земјоделство.
Во врска со ИПАРД програмата сега сме меѓу петте водечки земји во црпење на средстваа меѓу 5 земји и тоа значи дека догодина нема да враќаме пари, туку ќе бараме повеќе, истакна Димковски.
Сите мерки и проекти даваат резултат, земјоделството, кое пред 2 и пол години бележеше пад од 13 отсто, сега има раст од 5 проценти, потенцираше Димковски, додавајќи дека во економијата нема магија – ако се работи ќе се покажат резултатите.
Димковски најави зголемување на износот на поддршката за пчеларите од страна државата, за тие да можат сами да ги продаваат производите.
Пред два месеци се усвоени промени во законот за земјоделско земјиште и за прв пат пчеларите можат да добијат државно земјоделско земјиште, соопшти членот на ЦО на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.