Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Палмер: Америка сака Западен Балкан да има европска перспектива

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, оцени денеска во Белград дека е историска грешка што не се започнати преговори со Северна Македонија и со Албанија и дека САД ја поддржуваат интеграцијата на регионот во ЕУ.

Палмер по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека САД ќе сторат сé што можат за Советот на ЕУ да ја смени таквата одлука пред следниот самит на лидерите на Унијата.

„Америка сака Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе сториме сé што можеме за да ја убедиме Европската Унија да го промени својот став“, рече Палмер, кој исто така ја поддржа идејата за „мал Шенген“ којашто економски дополнително ќе ги обедини земјите од Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +