25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски на средба со директорот на НДИ, Бенџамин, искажана силна поддршка за евроатланската иднината на земјава

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска во седиштето на партијата имаше работна средба со регионалниот директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Централна и Источна Европа, Роберт Бенџамин.

На средбата се разговараше за континуираната поддршка која НДИ ја дава за нашата земја, за развојот на демократијата и јакнење на капацитетите на политичките партии преку развој на Аналитички центри и други форми, со цел креирање политики во интерес на граѓаните.

Се разговараше и за процесите во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година.

Генералниот секретар Николовски се заблагодари на поддршката од НДИ за земјава но и за политичките партии, вклучително и СДСМ. Николовски посочи дека СДСМ е целосно подготвена за престојните избори, има нов систем за работа и делување, секојдневно е помеѓу граѓаните и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и иднината на државата.

Директорот на НДИ за Централна и Источна Европа, Бенџамин, ја истакна поддршката за Евроатланската иднина и перспектива на Република Северна Македонија и додаде дека НДИ останува посветена и понатаму на помошта на земјава и во пресрет на парламентарните избори.