Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на состанок со шефовите на ЕУ делегациите од регионот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска приреди работен појадок за шефовите на ЕУ делегациите од земјава и регионот, кои престојуваат во земјава по повод нивното меѓусебно регионално советување, кое за прв пат се одржува во Скопје.

На работниот појадок присуствуваа и претставници на Службата за надворешни работи при ЕУ (EEAS) и Европска Комисија, како и на Министерството за надворешни работи.

„На состанокот се одржа отворена размена на мислења за состојбите после октомврискиот Европски совет и за можните идни чекори кои ќе претставуваат корист за и Регионот и за ЕУ“, кусо се наведува во соопштението на МНР за средбата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК