Руската влада се подготвува повторно да ја тестира сопствената верзија на интернет, изолирана од другите мрежи и нации, чие тестирање треба да почне во ноември, пренесуваат руските медиуми.
Русија сака да се одбрани од сајбер-напади поради што нејзините експерти дизајнираа систем за заштита на сопствените компјутерски системи, кој им овозможува на Русите да функционираат онлајн и без пристап до „Ворлд вајд веб“.
Сепак, критичарите велат дека ова е само начин на кој Русија сака да ги изолира своите граѓани од светот околу нив и неговите влијанија.
Русија и претходно најавуваше дека планира да тестира свој интернет.
Тоа беше најавено во февруари годинава, но не се случи.
Според информациите од порталот „Д-Русија“, тестирањето на изолираната мрежа ќе почне по 1 ноември и ќе се повторува барем еднаш годишно.
Се верува дека руската влада ја гледа зависноста од ИТ-секторот на Западот како своја слабост, која други нации може да ја искористат против земјата.
Изолацијата на руската интернет-инфраструктура, која честопати се нарекува „Рунет“, е придружена и од легислатива што ги ограничува руските граѓани да пристапуваат до одредени интернет-страници./Makfax