Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Потпретседателот Спасовски од Кавадарци: Ја стабилизиравме државата, парите се враќаат назад кај граѓаните, продолжуваме по прав пат

Нашата стратешка цел беше да го реализираме „Планот за живот“, а тој план се базираше на економски развој, тој план значеше враќање на парите кај граѓаните, развој на економијата, стопанството, земјоделието, здравствто. Денеска ако погледнеме што е тоа направено, нашата листа е долга на исполнети ветувања, за неполни 2 и пол години реализиравме повеќе од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години, порача потпретседателот Спасовски пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Кавадарци.

Спасовски пред преполната сала на Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци потенцираше дека државата продолжува по прав пат.

Нема тука да застанеме, додека ВМРО-ДПМНЕ грабаше од граѓаните ние преку реални мерки ги враќаме парите назад кај граѓаните. Преку проектот „Мој ДДВ“ парите директно се враќаат во секој семеен буџет, секој граѓанин е финансиски инспектор, се сузбива сивата економија. Граѓаните и државата се наш приоритет, заклучи Спасовски.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/799724403811549/

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +