Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи: Европските перспективи најдобро ги промовираме преку спроведување на ИПА проекти

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, го отвори Секторскиот мониторинг комитет за Помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ), кој се одржа во Клубот на пратеници.

Како што информираат од владината прес-служба, паралелно со ова се одржале и трет состанок на Секторскиот мониторинг комитет за владеење на право и фундаментални права, прв основачки состанок за демократија и владеење, трет состанок за конкурентност, иновации, земјоделие и рурален развој, како и прв основачки состанок за образование, вработување и социјална политика.

„Успешното спроведување на проектите финансирано преку ИПА продолжува, и тоа претставува најдобар промотор на европските перспективи на земјава“, истакна Османи, потенцирајќи дека, независно од политичката состојба во која се наоѓаат европските интеграции по октомврискиот самит, продолжуваат и реформите и хармонизацијата на нашето законодавство со европското, со цел приближување до европските правила, стандарди и вредности.

„Европските перспективи остануваат водечка улога во создавањето на нашата политика, при, што, унапредувањето на апсорпцијата на ИПА средствата има клучна улога“, потенцираше вицепремиерот.

Можеби ќе ве интересира

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ДОАЃА И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР: Meteocentar со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

ДЕСК

Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

ДЕСК